
Борусија Дортмунд е заинтересирана за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, објави „Скај Спортс Германија“. Германскиот клуб ова лето се раздели со Ерлинг Халанд и како негова замена беше доведен Себастијан Але од Ајакс.
Сепак, Але пред само неколку дена доби крајно непријатна вест дека боледува од рак на тестисите и допрва ќе мора да оди на сериозно лекување. Токму поради оваа причина Дортмунд веќе бара уште еден напаѓач кој ќе му помогне на тимот да се наметне за водечките позиции во Бундес-лигата.
Икарди од своја страна веќе неколку години е во ПСЖ, но никогаш не успеа да се наметне во тимот и моментално е ставен на трансфер листа, бидејќи новиот спортски директор Луис Кампос и тренерот Кристоф Галтие не планираат да се потпираат на неговите услуги. Тој е во контакти за враќање во Серија А, но понудата од Борусија Дортмунд би можела да го премисли.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski