Иднината на Ерлинг Халанд станува ургентна тема за Борусија Дортмунд и клубот сака да ги знае неговите намери најбрзо што може, а процесот ќе почне со состанок следната недела.
Клубот побарал состанок со таткото и со агентот на Халанд, Мино Раиола во обид од прва рака да добие информации за тоа дали напаѓачот донел одлука да бара нов предизвик.
Актуелниот договор на Халанд со Борусија завршува во 2024 година, а откупната клаузула за него е 75 милиони евра за претсојново лето. Овие информации ги објави германскиот Билд кој тврди дека клубот сака да разреши сиутацијата било кој и да е исходот.
За Халанд има интерес со повеќе големи европски клубови, во прв ред Реал Мадриди барселона, потоа и Манчестер Сити.
Се очекува Халанд конечната одлука за евентуалниот трансфер да ја донесе до крајот од месецов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













