Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, ќе биде надвор од терените еден месец поради повреда, објавија германските медиуми.
Фудбалерот има скинати влакна на бутниот мускул по повредата на почетокот од второто полувреме во убедливата победа од 7-1 против Селтик во ЛШ, откако постигна хет-трик во првиот дел.
Крилниот напаѓач ќе пропушти најмалку два натпревари – во сабота против Унион Берлин и по репрезентативната пауза на 18 октомври против Сент Паули. Најверојатно нема да може да игра ниту на средбата со Реал Мадрид во Лигата на шампионите на 22 октомври.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













