
Македонскиот второлигаш Борец реагира на судењето во Втората лига истакнувајќи дека на неколку натпревари е сериозно оштетен. На денешниот меч против Македонија ЃП, како што велат од Борец, на велешкиот тим не му е досуден очигледен пенал.
„Фудбалскиот клуб Борец 1919, по 12 oдиграни кола во овогодинешниот второлигашки фудбалски шампионат реши на јавноста да и се обрати со соопштение базирано на случувањата во изминатите натпревари кои директно одеа на штета на нашиот клуб.
За што поточно станува збор?
Веќе извесно време молчиме, но на тоа молчење му дојде крајот. Реагираме како клуб на очигледните судиски грешки, кои во континуитет се случуваат на натпреварите на ФК Борец 1919 кои мора да кажеме дека директно влијаеа на неколку конечни резултати со тоа и на нашето бодовно салдо и моментален пласман на второлигашката табела.
ФК Борец 1919 реагира на очигледно калкулантското судење и арбитража на неколку натпревари, и на кои намерно или ненамерно (се надеваме) ни се одземени неколку бодови. Истите сметаме дека засега се клучни за нашата позиција на табелата.
Чашата ја прели денешната арбитража на судијата Дени Лековски, кој не досуди очигледен пенал за домашниот состав против екипата Македонија Ѓорче Петров, при резултат 0:1, а со тоа дирекно влијаеше на исходот на натпреварот.
Со ова соопштение сакаме конечно да дадеме до знаење дека сме свесни за она што во моментов се случува, и бараме да се санкционираат овие судии кои не му мислат добро на македонскиот фудбал. Не можеме да ги затвараме очите и да бидеме неми набљудувачи на тенденциозното судење против нашиот клуб.
Потенцираме дека никој нема право да си игра со судбината на нашиот клуб, велешката гордост, кој има децениска историја“, истакнуваат од Борец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата
