Борец и Работнички ремизираа без голови во Велес, во првиот дуел од седмото коло во Првата фудбалска лига. Домашниот тим беше поблиску до триумф, имаше позрели шанси, но голманот на „романтичарите“, Ристо Јанков, бранеше одлично.
Муарем Муарем во третата минута упати удар од далечина, но Мустафа не дозволи да биде изненаден. Возврати Радовиќ во 12.минута, кога зафати волеј-удат од десетина метри, но Јанков успеа да одбрани.
Во 39.минута, Петар Петковски се обиде со шут откосо од десната страна, но не беше прецизен. Во 44.минута Марио Станковски шутираше кон голот на Јанков, но за малку непрецизно.
Во 60.минута, Марио Станковски убаво го проигра Никола Радовиќ кој излезе сам пред голманот на Работнички, шутираше, но Ристо Јанков фантастично одбрани со нога.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













