
Три дена до стартот на пролетниот дел од првенството во Првата фудбалска лига. Работнички одработи квалитетни подготовки во Анталија, а шефот на стручниот штаб, Борче Христов, вели дека тимот е подготвен за новите предизвици. Зимскиот преоден рок донесе значителни промени во ростерот, па можеби ќе биде потребно уште малку време за тимот да профункционира според тренерските желби.
Сепак, в недела за Работнички претстои многу важен натпревар, гостување во Битола и дуел со Пелистер.
„Одработивме квалитетни подготовки, а во зимскиот преоден рок имаше значителни промени во составот. Верувам дека Работнички е добро подготвен за пролетниот старт, иако ние тренерите секогаш велиме дека е потребно уште малку време за добро воигрување. Но, пролетниот дел од првенството стартува и ќе треба да одговориме на предизвикот. Стартот е секогаш многу значаен, а бодовите им се многу потребни и на Работнички и на Пелистер. Ќе биде тежок натпревар, но очекувам позитивен исход за нас“, вели шефот на стручниот штаб, Борче Христов, за официјалниот сајт на клубот.
Натпреварот меѓу Пелистер и Работнички е закажан за в недела, со почеток во 14 часот, на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
