Работнички загуби минимално од Шкупи со 0-1 на Националната арена „Тодор Проески“ во 20.коло од Првата фудбалска лига. По овој пораз, „романтичарите“ се наоѓаат на осмата позиција на табелата со 25 бода.
Тренерот Борче Христов, секако, не може да биде задоволен од поразот, а истакнува дека ривалот покажал зошто е лидер, умее да го казни секое невнимание.
„Знаевме дека не очекува тежок натпревар против Шкупи и сакавме да ги неутрализираме нивните добри страни. Тоа ни успеа во првото полувреме, Шкупи речиси и да не создаде шанса пред нашиот гол, а ние имавме и можности да отвориме противнапади. Во второто полувреме тие притиснаа силно, а ние почнавме да правиме непотребни грешки. По едно такво невнимание и се случи моментот на одлука. Не го затворивме Марјан Радески и тој успеа да постигне погодок. Треба да извлечеме поуки од овој натпревар и веќе да се фокусираме на следниот предизвик. В недела не очекува гостински дуел против ФК Скопје“, изјави шефот на стручниот штаб на Работнички, Борче Христов, за официјалниот сајт на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













