
Леонардо Бонучи, дефанзивецот на италијанската репрезентација по пласманот во големото финале јавно и честиташе на Шпанија, за фантастичното издание во полуфиналето на „Вембли“. Шпанците доминираа во поле, создадоа и повеќе шанси, но на крајот Италија по изведување пенали се пласира во финалето. Тој вели дека ниедна друга селекција не ја приморала Италија толку да страда на последнте 35 натпревари.
„Имам солзи радосници. Шпанија доминираше, но срцето на Италија никогаш не престана да чука. Оваа победа им ја должевме на навивачите, на Леонардо Спинацола кој се повреди, на целата нација. Патевме сите заедно и сега сме во финалето , сега сме само еден чекор далеку за да бидеме меѓу легендите“, изјави Бонучи.
Тој му признал на шпанскиот селектор Луис Енрике дека „црвената фурија“ одиграла страшно добар фудбал..
„Му честитав на Луис Енрике затоа што на 35 натпревари со Роберто Манчини никогаш не наидовме на ваков тим, што ќе не натера да страдаме толку многу. Шпанците беа одлични и не примораа и ние да покажеме дека сме подготвени да патиме до крај за конечната цел”, истакна дефанзивецот на Италија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
