Италијанскиот првак Јувентус сериозно размислува за продажба на португалската ѕвезда Кристијано Роналдо по завршувањето на сезоната. Клупскиот буџет не може да ги издржи трошоците за неговата годишна плата посебно во периодот кога заработката е значително намалена поради пандемијата од коронавирусот.
На крајот од сезоната Роналдо ќе влезе во последната година од договорот и ќе има 36 години, па Јувентус сака да го продаде и да врати барем дел од вложените пари. „Старата дама“ плати 100 милиони евра на Реал Мадрид за трансферот на Кристијано Роналдо, а тој заработува преку 30 милиони евра годишно во Торино.
Најзаинтересирани клубови за неговиот потпис се Пари Сен Жермен, но и Интер Мајами чиј ко-сопственик е Дејвид Бекам.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski