
Францускиот првак Пари Сен Жермен летово донесе неколку засилувања и нов тренер, но допрва мисли да го продолжи со новите имиња. „Светците“ веќе ги претставија Милан Шкриниар, Марко Асенсио, Мануел Угарте и Лукас Хернандез, а се подготвува нова „бомба“.
Бернардо Силва е фудбалерот кој го посакува новиот тренер Луис Енрике. Португалецот минатото лето беше поврзуван со Барселона, но трансферот не се случи и покрај желбата да го напушти Манчестер Сити.
Сега повторно се зборува за негов трансфер. Саудиска Арабија е повеќе од реална опција, но истото важи и за Пари Сен Жермен. Врската до Париз е Жорге Мендеш.
Суперагентот е во одлични односи со раководството на ПСЖ, па летово на „Паркот на принцовите“ го доведе и Марко Асенсио, а се шпекулира дека би можел да го доведе и Жоао Феликс.
ПСЖ би требало да плати 80 милиони евра за услугите на Бернардо Силва, кој има договор со „граѓаните“ до 2025 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
