Раководството на италијанскиот калчолигаш Болоња размислува да го отпушти тренерот Синиша Михајловиќ, по вчерашниот пораз од Интер (6-1). Негова замена, како што најавуваат медиумите на Апенините, треба да биде Даниеле Де Роси.
Тоа би била прва самостојна тренерска работа за Де Роси, откако тој го напушти стручниот штаб на италијанската репрезентација по Европското првенство летово, каде што беше помошник тренер на Роберт Манчини.
Михајловиќ ја презеде Болоња во јануари 2019 година. Тој остана во клубот и за време на хемотерапијата и спроведуваше дел од тренинзите преку видео – врска од болничката соба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













