„Болницата“ во Барселона повторно доби нов член, бидејќи на денешниот тренинг се повреди капитенот Серхи Роберто. Тој ќе отсуствува од две до три недели поради повреда на мускулот, поради која ќе пропушти три последовни натпревари против Атлетик Билбао, Шахтјор и Реал Мадрид.
Иако Алехандро Балде и Ламине Јамал денеска се вратија по полесни повреди, Серхи Роберто се приклучи на долгата листа на повредени играчи на која се и Педри, Френки де Јонг, Жул Кунде, Рафиња и Роберт Левандовски.
Рафиња и Педри се најблиску до враќање и имаат шанса да играат против Шахтјор Доњецк следната среда.
По нив се очекува зелено светло за „Ел Класико“ на 28 октомври да добие Роберт Левандовски, а Де Јонг, Кунде и Роберто засега сигурно ќе го прескокнат дуелот со Реал.
За се да биде уште поинтересно, оваа недела Барса јавно објави дека е во потрага по нов кондициски тренер, бидејќи бројот на повреди сезонава е загрижувачки.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













