Струга Трим Лум има максимален ефект во четирите досегашни натпревари во Прва МФЛ, а играчот за врска Бесмир Бојку се надева дека позитивната серија ќе продолжи и по репрезентативната пауза.
Стружани го пречекуваат Тиквеш и максимално го респектираат.
„Атмосферата во тимот е одлична, особено по позитивниот старт на сезоната. Во овој изминат период имавме и повеќе време и за одмор, но и за максимална подготовка за претстојните натпревари. Прв ривал ни е Тиквеш, многу незгоден противник, кој летово беше многу активен на трансфер пазарот. Затоа треба да пристапиме внимателно и со самодоверба“, вели Бесмир Боjку.
Тој додава дека Струга Трим Лум ќе даде максимум и на претстојниот натпревар од петтото коло.
„Како и на секој натпревар, ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме и да победиме. Ако ги следиме инструкциите на тренерот, верувам дека ќе ја оствариме целта“, дополнува фудбалерот од средниот ред.
Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Тиквеш се игра од 15.30 часот, на Градскиот стадион во Струга.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













