
Струга Трим Лум со победа (1-2) се враќа од Скопје откако го доби дуелот со Работнички на арената “Тодор Проески. Но сето ова е во втор план поради сериозната повреда на фудбалерот за врска Бесмир Бојку.
Одличниот играч за врска имаше жесток лизгачки старт со Егзон Белица и го извлече “подебелиот” крај.
Веднаш со возило за итна помош беше пренесен во болница, каде е констатирана скршеница на потколеницата, во пределот над скочниот зглоб. Ова се ужасни вести за Бојку и за тимот на Струга Трим Лум. Секако, сите му посакуваат брзо и успешно опоравување и враќање на фудбалските терени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
