Македонскиот првак Струга Трим Лум ја почнува авантурата во Конференциската лига на УЕФА, откако претходно беше елиминиран од Жалгирис во квалификациите за ЛШ.
Стружани сакаат долго топло европско лето, а прва пречка е црногорскиот шампион Будуќност.
Тимот на Шпетим Дуро е фаворит, но ќе треба тоа да го докаже и на теренот. Играчот за врска Бесмир Бојку вели дека противникот е добро анализиран и очекува триумф.
„Против себе ќе имаме квалитетен тим, шампион на својата земја. Во изминатите денови добро се подготвивме за двомечот со Будуќност, противникот е анализиран во детали. Во Европа нема лесни противници. Го респектираме Будуќност, но и веруваме во нашите можности и одиме на победа. Ги повикувам навивачите да ни ја дадат потребната поддршка и да ни помогнат да испишеме нова клупска историја“, изјави Бојку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













