Connect with us

Бојан Миовски трет стрелец во Унгарија, Ференцварош сака да го откупи од МТК

Младинскиот репрезентативец Бојан Миовски игра во фантастична форма во дресот на МТК во унгарското првенство. Во последното коло тој постигна погодок во ремито (2-2) против Хонвед и се наоѓа на третото место на листата на стрелците со шест постигнати гола. 

Игрите на Бојан Миовски не остануваат незабележани и од најдобрите клубови во Унгарија. Ференцварош, како што најавуваат унгарските медиуми, веќе се заинтересирал за Миовски и ќе се обиде да го доведе во зимскиот преоден рок. Миовски на стартот на сезоната од Ренова направи трансфер во унгарскиот прволигаш МТК и таму прикажува одлични партии. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови