Фудбалскиот првак на Македонија, Шкендија, вечерва ќе го пречека ФЦСБ од Романија на домашен терен во првиот натпревар од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Пред мечот, за романските медиуми зборуваше поранешниот македонски репрезентативец Бобан Николов, кој своевремено ги бранеше боите на ФЦСБ.
„Убаво е да видам познати лица, навистина сум среќен бидејќи играв со некои од нив кои и денеска се дел од клубот. Ми недостасува Романија, таму поминав шест години и секогаш кога имам можност, доаѓам. Имам многу пријатели со кои сум постојано во контакт.“
„Им посакувам успех на натпреварот против Шкендија, мислам дека ќе победат. Иако Шкендија е македонски клуб, јас навивам за мојот поранешен тим и вечерва ќе бидам на стадион за да ги поддржам. Шкендија е добра, но ФЦСБ е ниво погоре, и ако играат како минатата сезона, сигурно ќе одат понатаму.“
Николов додаде и дека не ја следи често Шкендија, бидејќи е долгогодишен навивач на Вардар.
„Шкендија е од Тетово, а нивниот стадион е во изградба, па затоа играат во Скопје. Очекувам на натпреварот да има околу 4.000 нивни навивачи.“
Натпреварот ветува интересна пресметка меѓу македонскиот и романскиот претставник, со високи очекувања од двете страни.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












