
Младинскиот репрезентативец на Македонија, Агон Елези реализираше извонреден трансфер во еден од најславните португалски клубови, Боависта.
19-годишниот Елези кој изминатава сезонава настапуваше за албанскиот суперлигаш Скендербег од Корча, во Боависта се сели за трансфер од 500.000 евра. Согласно договорот меѓу двете страни Скендербег би добил плус уште 15% од следниот трансфер на Елези.
Агон Елези, кој игра во средниот ред, фудбалски потекнува од школата на Шкупи, а претходно во досегашната своја кариера една сезона мина во младинскиот тим на француски Каен како и во второлигашот Велазерими.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal