
Судот во Минхен го осуди германскиот фудбалер Џером Боатенг на парична казна од 1,2 милиони евра поради нападот врз неговата поранешна девојка и мајката на неговите две деца.
Дефанзивецот на Лион минатата година првостепено беше казнет со 1,8 милиони евра, а судот во жалбената постапка ја намали таа казна, но пресуди и дека е виновен за напад и злоупотреба.
Обвинителството побара условна затворска казна од 18 месеци за 34-годишниот поранешен германски репрезентативец кој го освои Светското првенство во 2014 година.
Боатенг ги отфрли обвиненијата за време на жалбениот процес. Според неговата поранешна девојка, Боатенг ја удрил со тупаница додека биле на одмор на Карибите во 2018 година, откако германската репрезентација беше елиминирана во групната фаза на Светското првенство.
Таа за време на судењето изјави и дека поранешниот играч на Баерн фрлал кон неа разни предмети, и ги ставал прстите во очи, ја гризел и ја влечел за коса.
Во жалбената постапка сведочеше нејзина пријателка и го потврди насилството.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
