Манчестер Јунајтед на фантастичен начин ја отвори новата сезона во Премиер – лигата совладувајќи го Лидс Јунајтед со 5-1. Блескаа сите во тимот на Оле Гунар Солсклјер, но пред се Бруно Фернандеш кој постигна хет – трик и Пол Погба кој подели четири асистенции на „Олд Трафорд“.
Португалецот Бруно Фернандеш го отвори резултатот во 30.минута, а Лук Ајлинг со прекрасен удар од далечина израмни на 1-1. Но, тогаш „црвените ѓаволи“ уфрлија во поголема брзина.
Мејсон Гринвуд во 52.минута го врати водството на Манчестер Јунајтед, а во наредните осум минути Бруно Фернандеш со два гола го реши победникот. Во 68.минута и Фред се запиша меѓу стрелците за конечни 5-1.
Во второто полувреме дебитираше и новото засилување Џејдон Санчо, кој доби шанса во 75.минута од натпреварот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













