Connect with us

Бјелица доби отказ, а легендарниот Фабио Канаваро е нов тренер на Адеми и на Ристовски во Динамо Загреб

Ненад Бјелица не е веќе тренер на Динамо Загреб, а на негово место доаѓа легендарниот Италијанец и добитник на „Златната топка“, Фабио Канаваро. Канаваро ќе се приклучи на првиот тим на Динамо на собирот на 3 јануари, кога ќе биде и официјално претставен. Тој ќе биде новиот шеф на Аријан Адеми и на Стефан Ристовски.

„За жал, резултатите се најважното правило во фудбалот, а во последните 11 кола од ХНЛ остваривме само четири победи и имаме една од најлошите резултатски серии во домашното првенство. Никогаш не е добро време за промена на тренерот, но се одлучивме на овој потег сега за новиот тренер да има време да ги пренесе своите идеи на играчите за време на подготовките и сите подготвени да го дочекаат продолжението на сезоната.

Сакаме пресврт во резултатите во ХНЛ. Новиот тренер има стил на игра кој ни е потребен за враќање на доминацијата во првенството, гради игра и наметнува доминација. Тој е личност со голема харизма која може да го пренесе своето богато играчко, но и тренерско искуство, со оглед на тоа дека има успеси како шампион во Кина.

Канаваро е гладен за успеси и затоа чекаше предизвик со клуб што припаѓа на врвот и има амбиција за освојување титули. Добро ја познава нашата екипа, но и целокупниот ХНЛ. Јасно му е кои се целите пред него во Динамо и е свесен за ситуацијата во која се наоѓа клубот. Примарна задача е враќање на врвот во ХНЛ и продолжување со добрите резултати во Европа,“ објасни спортскиот директор на клубот, Марко Мариќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови