Бразилскиот интернационалец од Манчестер Јунајтед, Ентони, е обвинет од неговата поранешна девојка Габриела Кавалин за семејно насилство. Во моментов во Сао Паоло, се води истрага за да се утврди дали играчот е виновен.
Фудбалерот на „црвените ѓаволи“ ги негираше сите обвинувања.
„Ентони ја заклучуваше вратата и прстот ми беше повреден од него. Ми ги скрши работите, ми го зеде пасошот. Редовно фрлаше фудбалска топка кон мене, ме гаѓаше со телефонот. Рече дека ќе ме убие, а потоа ќе се самоубие“, стои во дел од изјавата на поранешната девојка на фудбалерот.
Наводно, додека Габриела Кавалин била бремена, Антони ја гаѓал со шишиња и додека таа се бранела, прстите и биле исечени до коска. Се очекува да започне судењето со собирање на потребните докази за да се утврди дали навистина фудбалерот е виновен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













