Македонци, подгответе се…УЕФА на почетокот на мај ќе ги пушти во продажба билетите за натпреварите на фудбалската репрезентација на Македонија на Европското првенство. Европската фудбалска организација потврди дека стадионите во Букурешт и во Амстердам добиле дозвола за присуство на публика од 25% до 33% од капацитетот, а тоа значи дека Македонија ќе добие нешто повеќе од 4.000 влезници за секој меч.
Македонската фудбалска репрезентација авантурата на ЕП ја почнува на 13.јуни против Австрија, а четири дена подоцна ќе игра и против Украина во Букурешт. Третиот меч националниот тим ќе го игра на 21.јуни против Холандија во Амстердам.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













