
Фудбалот треба да биде спорт за сите, но тоа одамна не е така, најмногу поради парите кои го претворија во еден голем бизнис. Доказ за тоа се и цените на билетите за финалето на Европското првенство.
Утре завршува Европското првенство во Германија. Се игра финалето во Берлин, а ќе се сретнат Шпанија и Англија со почеток во 21 часот на Олимпискиот стадион.
Иако до тој натпревар останува само еден ден, многу навивачи сè уште се обидуваат да дојдат до билет за да ја следат оваа историска утакмица во живо.
Цените на билетите кои ги одреди УЕФА беа следните: „Fans First“ – 95 евра, категорија 3 – 300 евра, категорија 2 – 600 евра, категорија 1 – 1.000 евра, главни места – 2.000 евра.
Сега билетите кои се продаваа по цена од 95 евра можат да се најдат на црниот пазар за дури 8.000 евра. Што повеќе, билетите за категорија 1 се продаваат за 13.000 евра, што е 13 пати поскапо.
Билетите за „Prime Seats“ на црниот пазар чинат дури 50.000 евра, односно 25 пати повеќе од вистинската цена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
