Менаџерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса е задоволен што на стартот од новата сезона повторно го има македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски во формата која ја посакува од него.
Биелса, во разговор за англиските медиуми, вели дека Алиоски одиграл два одлични натпревари за Македонија во октомвриските квалификации против Словенија и против Полска, што го радува пред продолжението од првенството во Англија.
„Го гледав натпреварот на Македонија со Полска во Варшава и може да кажам дека Алиоски одигра одлично. Сега е во формата која ја посакуваме од него, па среќен сум дека и Лидс ќе има и тоа како корист од тоа сезонава. Мора да признам дека му требаше време за да игра на ова ниво и во репрезентацијата и во клубот, но сега е беспрекорен“ – вели Биелса за играта на македонскиот репрезентативец.
Алиоски веднаш по враќањето од Полска, и покрај тоа што пропушти десетдневни тренинзи со тимот веднаш се најде во стартниот состав на Лидс во саботната победа против Бирмингам од 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













