Поранешниот менаџер на Лидс, Марсело Биелса, пристигна во Англија на разговори со Евертон, пишуваат медиумите на Островот. Аргентинецот се најавуваше како главен фаворит да стане нов менаџер на „карамелите“ по отказот на Френк Лампард. Сепак, нема да биде лесно да се постигне договор бидејќи Биелса добиваше огромни 11 милиони фунти по сезона во Лидс.
Евертон итно бара ментор за да го преземе тимот во тешка ситуација и што побрзо да ги стабилизира резултатите на тимот.
Последната победа „карамелите“ ја забележаа на 22 октомври кога со 3-0 славеа над Кристал Палас. Моментно го заземаат само претпоследното место на табелата со 15 бода по 20 одиграни натпревари во Премиер – лигата. Другиот главен фаворит за тренер на тимот е Шон Дајш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













