
Бетис официјално го објави ангажманот на Ентони од Манчестер Јунајтед. 24-годишниот крилен напаѓач пристигнува на позајмица до крајот на сезоната, при што шпанскиот клуб нема да има можност да го откупи играчот трајно, но ќе покрива половина од неговата плата. Покрај тоа, Бетис платил мала сума од околу 2 милиони евра на Манчестер Јунајтед за Бразилецот.
Клубот од Севилја го претстави своето ново засилување на многу оригинален начин. Овојпат тоа беше направено со референци кон емблематичната американска серија „Твин Пикс“, чиј режисер Дејвид Линч почина пред околу десет дена. Кога Бетис го ангажираше Иско, тогаш беа користени мотиви од друга легендарна серија – „Игра на тронови“.
🎬🔥🐰
— Real Betis Balompié 🌴💚 (@RealBetis) January 25, 2025
Fuego camina conmigo. pic.twitter.com/PnWe0kW5jC
Ентони е вториот најскап трансфер во историјата на Манчестер Јунајтед, откако се приклучи на „црвените ѓаволи“ од Ајакс во 2022 година за околу 95 милиони евра. Сепак, на „Олд Трафорд“ Бразилецот не успеа целосно да се наметне, постигнувајќи само 12 голови на 96 натпревари за клубот, а досега оваа сезона има само еден погодок. Тој има договор со Манчестер Јунајтед до 2027 година.
Ентони исто така има 16 натпревари и два гола за репрезентацијата на Бразил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан подготвува нов договор за Мајк Мењан

Евро-фудбал
Постекоглу ќе го преземе саудискиот Ал-Ахли?

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Баерн ги растури аматерите од Оукленд

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген
