
Еден од најголемите турски клубови Бешикташ го купува македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ, објави турскиот весник „Фанатик“. Тој треба да биде замена за Бурак Јилмаз, кој прави трансфер во Лил.
Тренерот на Бешикташ, Серген Јалчин, побарал од раководството да го доведе токму Јаховиќ во тимот. Тој одлично ги познава неговите квалитети од периодот додека беше на клупата на Коњаспор и на Малатијаспор, а Јаховиќ играше во дресот на овие клубови.
Адис Јаховиќ пред шест месеци направи трансфер во Анталијаспор и на 12 натпревари постигна шест гола. Оваа сезона има вкупно 17 гола во турската Суперлига на 33 меча.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
