
Македонскиот прволигаш Беса реагира на судењето на денешниот натпревар против Гостивар, кој заврши без голови. Домашниот тим смета дека бил оштетен за два пенали. Истовремено, тренерот Горазд Михајлов доби петти жолт картон, па нема да може да биде на клупата на следниот меч против Вардар.
„ФК Беса 1976 отсекогаш бил дел од фудбалот со посветеност, жртва и страст, почитувајќи ги правилата и фер конкуренцијата. Но, за жал, на многу последователни натпревари продолжува намерата да бидеме оштетени од страна на судиите. Во последниот натпревар бевме ускратени за два чисти пенали кои можеа да го променат текот на натпреварот и конечниот резултат.
Ова не е првпат нашиот тим да се соочи со неправедни одлуки кои директно го оштетуваат не само трудот на нашите челници и залагањето на играчите, туку и интегритетот на првенството. Досега ја трпевме оваа ситуација со надеж дека ќе има подобрување, но нашето трпение има граница!
Доколку и на следниот натпревар се соочиме со ист третман и пристрасно судење, раководството на клубот ќе се повлече од натамошно натпреварување“, се вели во реакцијата на Беса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
