Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн ќе направи спектакуларен трансфер од Тотенхем во Манчестер Сити за 187 милиони евра. Покрај Кејн, Сити го посакува и Џек Грелиш од Астон Вила и за него ќе треба да одвои нови 100 милиони евра, но секако ќе мора да продаде некои играчи за да ги „среди книгите“ и да го почитува финансискиот фер-плеј.
Првата жртва на купувањето на Кејн ќе биде Португалецот Бернардо Силва. Тој треба да ги спакува куферите, а се верува дека Монако е најблиску до негово доведување. Всушност, тој би се вратил во клубот од каде и дојде на „Итихад“. Тој од 2014 до 2017 година беше член на Монако.
Покрај Силва, на излезна врата се и други sвезди на „граѓаните“ како Ријад Махрез, Рахим Стерлинг и Габриел Хесус.
Во меѓувреме, Тотенхем бара замена за Кејн и во моментов се обидува да го доведе Антоан Гризман од Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













