Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, е под знак прашалник за утрешниот натпревар против Челси. Џек Грилиш и Јошко Гвардиол сигурно ќе го пропуштат дербито.
Ова го откри менаџерот на „граѓаните“, Хосеп Гвардиола, додавајќи дека Матео Ковачиќ и Серхио Гомеш ги продолжиле тренинзите со тимот.
„Џек мислам дека нема да биде подготвен. Не ја знам прецизно неговата состојба, морам да разговарам со лекарите. Знам само дека нема да може да игра утре. За Бернардо Силва ќе видиме исто така утре. Ковачиќ тренира, како и Серхио Гомеш“, изјави Гвардиола.
Грилиш и Бернардо Силва се здобија со повреди на натпреварот против ФК Копенхаген во текот на неделата. Гвардиол ќе отсуствува две или три недели поради повреда на скочниот зглоб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













