Connect with us

Бернардо Силва му рекол на Гвардиола дека сака трансфер во Барселона

Бернардо Силва пред почетокот на сезоната во Премиер – лигата донел одлука да го напушти Манчестер Сити. Португалскиот фудбалер разговарал за тоа со менаџерот Пеп Гвардиола и му рекол дека повеќе не се гледа како дел од клубот, пренесува „Мундо Депортиво“.


Португалецот верува дека со освојувањето на Лигата на шампионите го заврши својот циклус во Манчестер Сити минатата сезона и дека е време да замине во неговиот омилен клуб и градот што ги фасцинира и него и неговата сопруга.

„Минатото лето, на крајот од преодниот рок, тој остана без трансфер во Барселона, а сега е свесен дека ова е можеби неговата последна шанса да замине во Барса и да го исполни својот детски сон“, пишува каталонскиот медиум.

Гвардиола му вети минатата сезона дека ќе му дозволи да си оди ако Барселона испрати разумна понуда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови