Connect with us

Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Атлетик Билбао го победи Атлетико Мадрид со 1-0 во еден од дерби дуелите од 15. коло на Ла Лига, одигран на „Сан Мамеш“. Натпреварот долго време се одвиваше без голови, а херој на домашните беше Алекс Беренгер, кој го постигна единствениот гол за победа.

Во првото полувреме имаше неколку обиди, но без погодоци. Гостите први се заканија преку Тијаго Алмада, додека за домаќините два обиди имаше Нико Вилијамс, но на одмор се замина со 0-0.

Тврдиот меч го реши Алекс Беренгер во 85. минута, по асистенција на Нико Вилијамс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови