
Напаѓачот на европскиот шампион Реал Мадрид, Французинот Карим Бензема (34) се опорави од повредата и е подготвен за претстојниот натпревар од седмото коло на Ла Лига против Осасуна, соопшти „кралскиот клуб“.
Францускиот репрезентативец беше надвор од терените повеќе од три недели поради повреда на тетивата и бутниот мускул.
„Се чувствувам добро и со нетрпение го чекам натпреварот в недела“, изјави Бензема. Деновиве вежбам многу трчање и тренинзи за сила во затворен простор. Тренирав и дома“, додаде тој.
Бензема оваа сезона одигра шест натпревари во сите натпреварувања и постигна четири гола.
„Имаме одличен тим, иако може да се каже дека имаме два тима. Нема разлика меѓу луѓето кои го започнуваат натпреварот и оние кои го завршуваат. Знаеме во нашите глави дека мора да победуваме на секој натпревар. Секој натпревар е важен“, изјави Бензема.
Реал Мадрид моментно е прв во поредокот на шпанскиот шампионат со 18 бода, два повеќе од Барселона, додека во групата од Лигата на шампионите оствари две победи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal