
Карим Бензема (36) побарал да го напушти саудискиот Ал-Итихад само шест месеци по неговото пристигнување, објави неодамна АФП. Претставниците на фудбалската ѕвезда демантираа, но се уште се шпекулира за враќање во Европа и интересот на Лион и на Манчестер Јунајтед.
Сепак, се чини дека ништо нема да излезе од тоа. „Л’Екип“ пишува дека Ал-Итихад не сака да го пушти Бензема во некој од европските клубови бидејќи смета дека таквото брзо и изненадувачко враќање ќе му наштети на имиџот на саудискиот фудбал.
Тие размислуваат да го пуштат во ривалски саудиски клуб, што значи дека Бензема би останал во истата лига.
Бензема досега има 20 настапи, 12 гола и пет асистенции за Ал-Итихад, седмопласираниот клуб во саудиското првенство.
Договорот на Бензема е до 2026 година, а годишно заработува 200 милиони евра.
Претходно во кариерата, од 2009 до 2023 година, играше за Реал Мадрид и стана негова легенда.
Освои се што можеше, а во 2022 година беше прогласен за најдобар играч на светот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
