Connect with us

Бензема и Модриќ за „кралски“ триумф против Еибар (ВИДЕО)

Карим Бензема ја продолжи својата одлична голгетерска серија, му се придружија и Лука Модриќ и Лукас Васкез за триумф на Реал Мадрид (1-3) на гостувањето кај Еибар. „Кралевите“ се израмнија со 29 бода на врвот на табелата со Атлетико Мадрид, кој има и два меча помалку. 

На самиот старт Реал обезбеди комфорна предност. Карим Бензема погоди во шестата минута, а Лука Модриќ го удвои водството седум минути подоцна. Сепак, Кике ја врати неизвесноста со погодокот во 28.минута.

Тимот на Зинедин Зидан умееше да ја сочува предноста до крајот на мечот, а во судиското продолжение точка на триумфот стави Лукас Васкез.

      

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови