Фудбалерот за врска на Тотнем, Родриго Бентанкур, доби казна од седум натпревари поради расистички коментари поврзани со јужнокорејското потекло на неговиот соиграч Хјонг-Мин Сон. Коментарите беа дадени во јуни во телевизиско шоу во родната земја на Бентанкур, Уругвај.
Кога го прашале дали има дрес на Сон, тој одговорил: „На Сони ли? Можеби е на братучедот, бидејќи сите Корејци се повеќе или помалку исти”
Бентанкур брзо се извини јавно, а Сон ги прифати извинувањата и застана на негова страна.
Сепак, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) му подигна обвиненија во септември.
Казната можела да биде од шест до 12 натпревари, но според информации од Островот Бентанкур добил казна од седум натпревари, што значи дека нема да може да игра до втората половина на декември.
Од почетокот на сезоната, Уругваецот има девет натпревари во Премиер – лигата и еден гол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













