
Дарвин Нуњез, напаѓачот на Бенфика, е еден од најбараните фудбалери во светот, а португалскиот клуб ја одреди цената за заинтересираните клубови. Тој беше желба на Арсенал и на Вест Хем во зима, а „чеканите“ во последниот ден од преодниот рок испратија официјална понуда до Бенфика од 45 милиони евра, која клубот од Лисабон категорично ја одби.
Одличните игри на 22-годишниот уругвајски напаѓач оваа пролет едноставно ги воодушевија елитните клубови, па Бенфика доби многу повици во врска со евентуалната преселба на напаѓачот, меѓу кои најинтересни беа оние од Манчестер Јунајтед и од Ливерпул.
Бенфика е свесна каков играч има во своите редови, па ја одреди цената за продажба на напаѓач во летниот преоден рок. Клубот од Лисабон ќе започне преговори за трансфер на својот голгетер со клубот кој ќе понуди минимум 75 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
