Connect with us

Бенфика го засили нападот со Гонсало Гуедеш

Португалскиот гигант Бенфика доби големо засилување во нападот за вториот дел од сезоната. Нов фудбалер на тимот е Гонсало Гуедеш, кој доаѓа на позајмица од редовите на Вулверхемптон, но без опција за откуп на крајот од сезоната.


„Добивме одличен фудбалер кој може да игра на сите позиции во нападот. Со него сигурно ќе имаме многу повеќе опции во навалната линија“, изјави тренерот на Бенфика, Роџер Шмит.

Бенфика е лидер на табелата во португалското првенство со 41 бод, четири повеќе од тимот на Брага.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови