Напаѓачот Харис Сеферовиќ е испратен на позајмица од Бенфика во Галатасарај до крајот на следната сезона, соопшти клубод Лисабон. 30-годишниот Сеферовиќ, кој има 86 натпревари и 25 гола за швајцарската репрезентација, имаше тешка сезона во Бенфика и се мачеше со повреди.
„Се чувствувам добро, веќе немам никаков проблем“, објасни Сеферовиќ по пристигнувањето во Истанбул.
Харис Сеферовиќ беше најдобар стрелец во португалскиот шампионат во сезоната 2018/19. Тој ќе има задача да го засили нападот на Галатасарај, кој минатата сезона заврши на 13. место на табелата – нивна најлоша сезона досега.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski