Connect with us

Бенасер опериран, ќе паузира шест месеци

Играчот од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер, е успешно опериран, соопшти клубот преку официјално соопштение.


Лошата вест за „росонерите“, сепак, е што алжирскиот интернационалец ќе биде надвор од терените шест месеци.

Бенасер се повреди на првиот полуфинален меч против Интер (0-2) и беше принудно заменет во 18. минута.

„Милан објавува дека Исмаел Бенасер утрово во Лион го оперираше десното колено. Поправката на лезијата на ‘рскавицата беше успешно изведена од д-р Бертранд Сонери Коте во присуство на клупскиот лекар на Милан, д-р Стефано Мацони. Времето за опоравување се проценува на најмалку шест месеци“, се вели во официјалното соопштение на „росонерите“.

Исмаел Бенасер оваа сезона има 40 настапи и три гола за Милан во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови