Connect with us

Бењамин Шешко го избра Јунајтед, блиску е до трансфер на „Олд Трафорд“

Словенечкиот напаѓач Бењамин Шешко е на чекор до трансфер во Манчестер Јунајтед. Според британските медиуми, фудбалерот веќе ги договорил личните услови со „црвените ѓаволи“ и е подготвен да потпише договор до јуни 2030 година. Ова значи дека Шешко избрал да замине на „Олд Трафорд“, наместо да го облече дресот на Њукасл.

Јунајтед сè уште ги води финалните преговори со Лајпциг за да ја официјализира зделката. Интересно, германскиот клуб веќе ја прифатил понудата од Њукасл во висина од 82,5 милиони евра плус 2,5 милиони во бонуси, но Шешко самиот инсистира на трансфер во Јунајтед.

Манчестер Јунајтед понудил 75 милиони евра плус дополнителни 10 милиони во бонуси – понуда која сè уште не е прифатена од Лајпциг, но медиумите на Островот уверуваат дека трансферот е прашање на време, со оглед на желбата на играчот да заигра на „Олд Трафорд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови