Connect with us

Белингем: Засекогаш ќе има место за Борусија Дортмунд во моето срце

Фудбалерот од средниот ред Џуд Белингем емотивно се прости од својот досегашен клуб Борусија Дортмунд, неколку часа откако официјално беше потврдена неговата преселба во Реал Мадрид. Англискиот играч за врска кај „жолто-црните“ мина три години и одигра 92 натпревари за тимот.


„Од каде да почнам? Моите последни три години во Борусија Дортмунд беа голем дел од мојот живот. Во клубот се приклучив кога бев 17-годишно момче и си заминувам како маж. Не можам да искажам доволно благодарност за сѐ што клубот направи за мене“, напиша Џуд Белингем на својот Инстаграм профил.


„Можностите, искуствата, подемите и падовите. Сето тоа беше дел од мојот развој како личност и играч. Беше чест да се биде дел од овој фудбалски клуб. Би сакал да им се заблагодарам на сите играчи, тренери, менаџери и членови на персоналот кои имаа удел во мојот развој во клубот. Секогаш ќе имам место за Борусија Дортмунд во моето срце и никогаш нема да заборавам што добив во клубот. Еднаш дел од Борусија, засекогаш еден од Борусија. Му посакувам се најдобро на клубот“, истакна новото засилување на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови