Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам се опорави од повредата и би можел да биде подготвен да се врати на терените веќе претстојниот викенд.
Белингам беше надвор од терените последните три недели, Реал не е истиот тим без него, ремизираа со Рајо Валјекано, а потоа едвај ја победија Севилја, па ова е одлична вест за Карло Анчелоти.
Белингам најверојатно ќе биде на клупата за резерви викендот кога Реал Мадрид гостува на Месталја, а целта е да биде целосно подготвен за реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Лајпциг.
Англичанецот е најдобар стрелец на Реал Мадрид оваа сезона со 20 гола и осум асистенции на 29 натпревари во сите натпреварувања.
Реал Мадрид прво гостува во Валенсија во сабота од 21 часот, а потоа во среда во истиот термин го пречекува Лајпциг во ЛШ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













