
Осасуна и Реал Мадрид одиграа 1-1 во натпревар од 24. коло на шпанската Примера. Дуелот во Памплона беше исполнет со контроверзи, а незадоволството кај „кралевите“ беше големо поради неколку спорни судиски одлуки на арбитерот Хозе Мунуера.
Гостите поведоа во 15. минута преку Килиjaн Мбапе, кој погоди по асистенција на Федерико Валверде. По водството на Реал, темпото на натпреварот се смири, но пред крајот на првото полувреме, „кралскиот клуб“ остана со играч помалку. Џуд Белингaм бурно реагираше на одлука на судијата, што му донесе директен црвен картон и предвремен крај на натпреварот.
На почетокот на второто полувреме, Осасуна доби пенал поради невнимателен старт на Едуардо Камавинга во 55. минута.
По ВАР проверка, судијата покажа на белата точка, а Анте Будимир сигурно реализираше во 58. минута за израмнување (1-1).
Реал Мадрид се обиде да стигне до победничкиот гол, но со играч помалку тоа беше тешка мисија. Ремито не им оди во прилог на шампионските амбиции на тимот на Карло Анчелоти, оставајќи можност Атлетико Мадрид и Барселона да се доближат на табелата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 поразена од БиХ на првиот тест
