Белгија ја совлада Англија со 2-0 и се наоѓаат на првото место во групата 1 од Лигата А пред последното коло. Но, и Данска ги задржа шансите откако во судиското продолжение славеше против Исланд со 2-1 во Лигата на нации.
Тилеманс и Мертенс беа стрелци на головите за Белгија, а Кристијан Ериксен двапати погоди од пенал за селекцијата на Данска.
Италија ја победи Полска со 2-0 и ја прескокна Холандија во групата 2 од Лигата А. Жоргињо од пенал и Берарди во завршницата од мечот беа стрелци за „аѕурите“.
Австрија со пресврт славеше над Северна Ирска со 2-1, а Унгарија и Србија ремизираа 1-1. Немања Радоњиќ погоди за Србите, но Жолт Калмар успеа да израмни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













