Connect with us

Белгија со Руди Гарсија како нов селектор ќе гостува во Скопје во јуни

Руди Гарсија е именуван за нов селектор на белгиската фудбалска репрезентација, откако Доменико Тедеско беше отпуштен по разочарувачкиот настап на ЕВРО 2024. Искусниот 60-годишен Французин, кој има богато тренерско искуство со клубови како Наполи, Лион, Рома, Марсеј и Ал-Наср, ќе ја преземе задачата да ги врати „црвените ѓаволи“ на победнички патеки. Еден од првите предизвици, покрај Лигата на нации, ќе му биде гостувањето во Скопје и дуелот со Македонија во мундијалските квалификации.

Белгиската фудбалска федерација соопшти дека Гарсија ќе биде официјално претставен на прес-конференција. Негова примарна цел ќе биде подобрување на резултатите, со оглед на тоа што Белгија во март ќе се соочи со Украина во разигрување за опстанок во Лигата на нациите.

Во Наполи, Гарсија имаше краток мандат од само пет месеци, во сезоната која следеше по освојувањето на Скудетото во 2023 година. Сепак, неговите најзначајни тренерски успеси датираат од времето кога го водеше Лил (2008–2013), освојувајќи титули и градејќи репутација како врвен тренер.

Белгија ќе ги започне квалификациите за Светското првенство 2026 со натпревар против Македонија во Скопје во јуни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови