Репрезентациите на Белгија и на Италија очекувано завршија на првите позиции во групите од Лигата на нации, со што обезбедија место на фајналфор од ова натправрување заедно со селекциите на Франција и на Шпанија.
Италијанците славеа на гостувањето против БиХ со 0-2. Белоти во 22. минута ги доведе „аѕурите“ во водство, а Берарди во второто полувреме го постави конечниот резултат.
Белгијците ја победија Данска со 4-2. Ромелу Лукаку беше човекот на одлука откако постигна два гола во вториот дел.
Англија очекувано лесно го декласираше Исланд со 4-0, со двата гола на Фоден, а погодија и Рајс и Маунт.
Србија ја декласираше Русија со 5-0. Лука Јовиќ постигна два погодоци, а по еднаш мрежата на Русите ја затресоа Радоњиќ, Влаховиќ и Младеновиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













