Connect with us

Беласица претстави две нови имиња, Бејков и Картов

Македонскиот второлигаш Беласица се засили со двајца нови играчи. Станува збор за Христијан Бејков, кој игра на позицијата стопер и доаѓа од екипата на ФК Кожуф, како и Борче Картов, кој ќе биде засилување на голманската позиција.


Картов во дресот на Беласица доаѓа исто така од екипата на Кожуф, а во својата кариера има настапувано и за Вардар.


Беласица ги стартуваше подготовките под водство на шефот на стручниот штаб, Васе Беќаров.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови