Струмичкиот второлигаш Беласица од вчера е во погон, под раководство на новиот тренер Александар Стојанов. Тој ја доби довербата на раководството за да ги врати „кенгурите“ во прволигашка конкуренција. Тоа нема да биде нималку лесна задача, па затоа веднаш се стартуваше со напорна работа.
Предводени од искусниот Александар Милушев, засега во Беласица се дел од фудбалерите кои и минатата сезона настапуваа за тимот, но од струмичкиот крај, останатите играчи, како и странците заминаа од клубот. Првата фаза од подготовките ќе биде реализирана на локално ниво, а потоа се размислува за десетневни подготовки и одигрување на неколку пријателски натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













